Bible

Designed

For Churches, Made for Worship

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

1 Kings 6

:
Macedonian - 1990
1 Во четиристотини и осумдесеттата година по излгувањето на Израилевите синови од Египетската земја, во четвртата година на Соломоновото царување над Израилот, во месец Зиф, кој е втор месец, Соломон почна да Му гради храм на Господа.
2 А храмот, што цар Соломон Му го изгради на Господа, беше долг шеесет лакти, широк дваесет и висок триесет лакти;
3 тремот пред храмот беше долг дваесет лакти, според ширината на храмот, и широк десет лакти пред храмот
4 Во храмот тој направи прозорци, затворени со решетки.
5 И направи доградба околу ѕидовите на храмот, околу храмот и Свјатаја Свјатих; а направи и странични соби наоколу.
6 Долниот кат на зградата беше широк пет лакти, средниот широк шест лакти, а третиот широк седум лакти; зашто околу храмот надвор беа направени растојанија за доградба да не допираат до ѕидовите на храмот.
7 Кога се градеше храмот, за градење се употребуваа делкани камења, така што за време на градењето на храмот не се слушаше, ни чекан, ни тесла, ниту некакво друго железно орудие.
8 Вратата на средниот кат беше десно од храмот. По тркалезни скали се искачуваа на вториот кат а од вториот на третиот.
9 Така го изгради тој храмот, го изгради и го обложи со кедрови штици.
10 и догради до целиот храм странични соби, високи пет лакти; тие беа прикрепени кон храмот со кедрови греди.
11 И би слово Господово кон Соломона, и му беше речено:
12 »Ете, ти градиш храм: ако одиш по Моите закони, ако постапуваш по Моите наредби и ако ги пазиш сите Мои заповеди, управувајќи се според нив, Јас ќе го исполнам врз тебе словото Свое, што му го бев кажал на татка ти Давида;
13 И ќе живеам среде Израилевите синови и нема да го оставам Мојот народ Израилот.«
14 И така, Соломон го изгради храмот и го заврши.
15 Ги обложи ѕидовите на храмот однатре со кедрови штици; од подот до потонот ти обложи однатре со дрво, а подот на храмот го покри со кипарисови штици.
16 а во задната страна на храмот на дваесет лакти од крајот, издигна ѕид и ги обложи ѕидовите и подот со кедрови штици, и направи простор за Свјатаја-Свајтих.
17 А храмот, само предниот дел на храмот, имаше четириесет лакти.
18 По кедарот однатре имаше резби, слични на краставички и распукнати цветови; сѐ беше покриено со кедар, камен не се гледаше.
19 А внатре во храмот тој подготви оддел за да го постави таму ковчегот нз заветот Господов.
20 Одделот беше долг дваесет лакти, широк дваесет лакти, и висок дваесет лакти; тој го опкова со чисто злато; исто така го опкова и кедровиот жртвеник.
21 Одвнатре, Соломон го опкова храмот со чисто злато, и протегна златни вериги пред Свајтаја Свјатих, и ја опкова со злато.
22 Целиот храм тој го обложи со злато, целиот храм докрај, и целиот жртвеник, што е пред Свјатаја-Свјатих, го опкова со злато.
23 А во Свјатаја-Свјатих направи два херувима од маслиново дрво, високи по десет лакти
24 Едното крило на херувимот беше долго пет лакти и другото крило на херувимот пет лакти; десет лакти имаше од едниот крај на крилјата негови до другиот крај на крилјата негови.
25 Десет лакти имаше и другиот херувим; еднаква мерка и еднаков облик имаа двата херувима.
26 Височината на едиот херувим беше десет лакти, исто така и на другиот херувим.
27 Тој ги постави херувимите среде внатрешниот дел на храмот. А крилјата на херувимите беа раширени, и крилото на едниот се допираше до едниот ѕид, а крилото на другиот херувим допираше до другиот ѕид; другите нивни крилја пак се среќаваа крило со крило среде храмот.
28 Тој ги обложи херувимите со злато.
29 И по сите ѕидови на храмот наоколу издлаби ликови на херувими, палми и расцутени цветови, однатре и однадвор.
30 И подот на храмот го опкова со злато во внатрешниот и предниот дел.
31 За влез во Свјатаја Свјатих тој направи врата од маслиново дрво со петоаглони спојки.
32 На двете половини на вратата од маслиновото дрво тој издлаби херувими, палми и расцутени цвеќиња и ги обложи со злато; го покри со злато и херувимите и палмите.
33 И при влезот на храмот тој направи четириаголни столбови од маслиново дрво
34 и две врати од кипарисово дрво; двете половинки на едната врата беа подвижни, и двете половинки на другата врата исто така беа подвижни.
35 Издлаби по нив херувими, палми и расцутени цвеќиња и ја обложи резбата со злато.
36 И внатрешниот трем го направи од три реда делкани камења и од еден ред кедрови греди.
37 На четвртата година, во месецот Зиф, вториот месец, тој ги беше положил основите на храмот Господов,
38 а на единаесеттата година, во месецот Вул, тоа е осмиот месец, тој го заврши храмот со сите негови принадлежности и според сите негови преднацрти. Соломон го градеше храмот седум години.